Кликнете за да влезете во виртуелна тура низ илегалната оружарница од НОВ


Град Скопје подготви виртуелна тура низ „Меморијалниот музеј на илегалната работилница за изработка на оружје во Скопје од НОВ (1941-1944)“, кој беше повторно отворен неодамна. Со возобновувањето на Музејот, Музејот на град Скопје го доби својот втор депанданс во стариот дел на градот, кој е единствен од ваков вид во Република Македонија и ја збогатува со уште една значајна содржина културната понуда на Скопје.

Музејот е отворен секој работен ден со дежурен кустос. Посетителите можат да ја погледнат постојаната поставка „Хероите на градот на Вардар“ на авторката Зоја Богдановска, виш кустос историчар. Посетителите можат на таблети да ја видат целата поставка, а секој експонат е опишан на современ, дигитален начин.