Сопственикот на „Дневник“ и „Капитал“ ја обвини бугарската Владата дека сака да му ги одземе весниците


Бугарската Комисија за конфискување на нелегално стекнат имот (КОНПИ) започна процедура за одземање на имот на бизнисменот Иво Прокопиев, кој е сопственик на весниците „Дневник“ и „Капитал“. Доколку процедурата биде комплетирана, на Прокопиев може да му биде одземена сопственоста врз издавачката компанија „Икономедија“, која ги печати двата весници. Прокопиев реагираше преку соопштение до јавноста во кое ја обвини Владата за политичка пресметка со него. Тој е осомничен за нелегална приватизација на рударската компанија „Каолин“.

„Нападот на КОНПИ врз мене е јасна илустрација на тоа како корумпираната политичка елита го злоупотребува инструментот на ‘граѓанска конфискација’ за да ги згази своите јавни критичари“, изјави Прокопиев.

Неговата издавачка куќа обвини дека во Бугарија „се раѓа тиранија“ и „заробена држава“, како и дека конфискувањето на имотот на Прокопиев е со цел да се отстрани конкуренцијата во медиумскиот простор за да се овозможи негово монополизирање од страна на бизнисменот Делјан Пеевски, чии изданија ја поддржуваат Владата.