Сопругата на Јакимовски го управувала возилото
На булеварот „М.Т.Гологанов“ во Скопје денеска околу 13 часот се случила сообраќајна несреќа меѓу автомобил и мотоцикл.
Како што соопштува полицијата, автомобилот бил управуван од Е.Ј. (53). Сопруга на ексградоначалникот Стевчо Јакимовски.
Во несреќата повреден е мотоциклистот Ѓ.А. (37), кој веднаш е префрлен во Ургентниот центар.
На социјалните мрежи се шпекулираше дека несреќата е предизвикана од ексградоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, но тој се огласи на својот профил на Фејсбук и ги демантираше таквите информации.
Полицијата соошти дека во моментов се врши увид на местото на настанот.