Сопругата на Нетанјаху се суди за расфрлање со пари на народот


Пред суд во Ерусалим денеска почна судењето на Сара Нетанјаху, сопруга на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, за наводна проневера.

Таа е обвинета за прекумерно трошење, односно дека потрошила околу 100.000 долари на приватни ручеци во официјалната резиденција на премиерот.

Брачниот пар Нетанјаху ги негира обвинувањата и тврди дека тие се жртви на политички лов на вештерки што го води непријателски медиум.

Сару Нетанјаху одамна ја обвинуваат за екстравагантен начин на живот и злонамерно однесување. Во 2016 година, судот пресуди дека злоставувала службеник и морала да му плати 42.000 долари отштета.