Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, со умерен интензитетот на патните правци надвор од градските средини и без подолги задржувања за влез и за излез на македонската страна на граничните премини.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.