Сообраќајна несреќа во Чашка, едно лице полесно повредено


На регионалниот пат  село Лисиче – село Дреново, општина Чашка утрово се случила сообраќајна несреќа во која со повреди се здобил возачот на едно од возилата.

Во сообраќајката учествувале автомобил  марка „ауди“ со велешки регистарски броеви управувано од С.К.(36) од село  Долно Јаболчиште – општина Чашка и патнички автомобил марка „Мерцедес “ со велешки регистарски броеви управувано од В.Т.(73) од  Велес.

– Во  незгодата со повреди се здобил возачот на патничкиот автомобил „Ауди“  кој  со возило на брза помош е пренесен  во ЈЗУ Општа болница – Велес каде му е укажана лекарска помош и се констатирани телесни повреди и истиот е  пуштен на домашно лекување, појасни Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.