Сообраќајна несреќа во Скопје: Едно момче загина, друго се бори за живот


Дваесет и тригодишен скопјанец загина, а негов врсник од Охрид е во животнозагрозувачка состојба по сообраќајката што се случила ноќеска во 3.13 часот во близина на основното училиште „Кочо Рацин“ во Скопје.

Како што е наведено во полицискиот Билтен, во сообраќајката на бул.„Мајка Тереза“ скопјанецот Д.С.(23) управувајќи возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки удрил во столб.

Возачот, како и сопатникот А.Н.(23) од Охрид, добиле тешки телесни повреди и биле пренесени во Ургентниот центар-Скопје, каде околу 3.50 часот Д.С. починал, а А.Н. е во животно загрозувачка состојба.