Сообраќајка на излезот од Гостивар кон Кичево, сообраќајот во прекин


На магистралниот пат Гостивар – Кичево, на местото викано Прогрес 98, поради случена сообраќајна незгода, сообраќајот е во прекин.

Сообраќајќата, како што потврдила полицијата, се случила околу 14 часот на излезот од Гостивар кон Кичево. Во сообраќајната несреќа  се судрија автомобил марка „фолксваген пасат“ и минибус. Според првичните информации повредени лица има, но засега не е познат бројот на повредени и видот на повредите. Во тек е увид.