Сообраќајка кај Железничка: Автомобил удри две деца


Сообраќајна несреќа се случи вечерва во близина на Железничката станица во Скопје.

Во несреќата учестуваше автомобил кој удри во две деца пешаци.

Од полицијата велат дека увидот се уште трае и со детали ќе излезат во текот на утрешниот ден.

Фото: Б.Грданоски