Сончево со температура до 28 степени


Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од еден до осум степени, а дневната температура од 21 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе достигне до шест, а дневната температура до 27 степени.

Продолжува периодот на стабилно и топло време со пораст на дневните температури. Од вторник до петок во попладневните часови ќе има делумно зголемување на облачноста со услови за краткотраен локален дожд, но во поголемиот дел од земјата и понатаму ќе се задржи суво време.