Сончево и топло, попладне локален дожд и грмежи


Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 19 степени, а дневната температура ќе движи од 27 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од западен ветер. Утринската температура ќе достигне до 16, а дневната температура до 34 степени.
Во среда и четврток нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе биде на повеќе места, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок и сабота.