Совети за летна фризура: Здрава коса за на плажа и на работа


САД – Гледајќи низ прозорот од канцеларијата, облечени во костим и со уредно прибрана коса, зарем не ви фали другата страна, онаа каде вашата коса ќе биде пуштена слободно и со сол на преубавата плажа?

Изгледа примамливо, но откако ќе заврши одморот лелеавата коса за која не сте се труделе многу мора повторно да изгледа уредно.

И во двата случаи на вашата коса $ е потребно мало внимание.

“Косата никогаш не можете да ја наместите два пати исто. Помирете се со тоа” изјави Рејчел Зои, дизајнерка, стилистка за славни и еден од основач на фризерските салони “ДримДрај”.

Рик Пипино, еден од основачите на салоните “Патрик Мелвил Пипино”, изјави дека со пегла за коса можете да постигнете да имате лелеавата коса за на плажа на работа и уредна фризура за во град, на плажа.

За да ја исправите косата:

Осигурајте се дека врвовите на косата се здрави, а ако не се потстрижете ги.

Исушете ја косата со чешел наместо со четка за фенирање. Употребете производ за омекнување на косата, уште еден трик против навиткување на косата.

Не земајте преголеми прамени додека ја пеглате косата бидејќи ќе потрошите исто време: малите прамени треба да ги поминете само еднаш, а поголемите, повеќе пати.

Откако ќе ја испеглате косата, врзете ја со лабав стегач за коса додека да стигнете до посакуваната дестинација. Колку помалку ја изложувате косата на влажен воздух, толку подолго ќе ви стои права.

Штом косата почне да ви се витка, откажете се. Залижете ја косата нагоре и завиткајте ја во пунџа.

“Мислам дека ова ќе стане најпопуларниот стил на фризура летово”, додаде Зои.

За да ја навиткате косата:

Оставете ја да се исуши природно, а потоа ставете средство со што ќе ја разделите на неколку делови и со помош на пегла за коса направете лелеави локни, смета Пипино.

Посветете внимание само на горниот дел од косата, или во спротивно ќе имате премногу волумен, што е проблем со косата кој се јавува на плажа”, вели Луис О’Конор, сопственик на фризерски салон во Њујорк и бренд амбасадор за “Блек15во1”.

“Многу е полесно да имате скротени локни во Лос Анџелес, каде е типично суво, за разлика од влажната клима во Мајами и Њујорк”, изјави Зои.

“Но сепак, не доволувајте косата да ви го расипе расположението, без разлика каде и да сте и што правите”.

“Јас на пример проблемот би го решила со шапка, што оди многу добро во комбинација со летни фустани”.