Собрани потписи против труењето животни во Пехчево


Група граѓани денеска до општина Пехчево ги доставија собраните потписи во рамки на организираната акција со која на протест кажаа „СТОП“ против труењето животни. Акцијата ја организираше пехчевката Магдалена Поповска која, како што рече, имала голема поддршка од самите граѓани и здружението за заштита на животните „Про анима“ од Берово.

– Настанот немаше никаква политичка позадина, туку едноставно имавме цел да ја изразиме нашата загриженост за состојбата со труењето кучиња во нашето мало гратче. Нашиот револт го изразивме мирно и културно со надеж дека по овој настан труењата конечно ќе запрат. Во рамки на настанот собиравме и потписи од загрижени граѓани кои ги доставивме до првите луѓе во градот од каде добивме уверување дека институциите преземаат мерки и најавија поригорозни мерки за неодговорните сопственици на домашни миленици, вели Поповска.

Здружението за заштита на животните „Про анима“ до општинските власти доставија нивни позитивни искуства од справувањето со ваквата состојба.
Од „Про анима“ најавија дека дискусијата на оваа тема ќе продолжи се до конечно решавање на проблемот со турењето на животни во Пехчево.