Собраниската Комисија за култура ќе расправа за Годишната програма


Собраниската Комисија за култура денеска на седница треба да расправа за предлог-одлуката за одржување надзорна расправа за начинот на носење на Годишната програма на Министерството за култура за проекти од национален интерес и реализацијата на Програмата за 2018 година.

На дневен ред е и формирањето интеркомисиска работна група согласно точка 8 од Заклучоците од надзорната расправа на Комисијата за култура за Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион и сродната законска регулатива во контекст на Конвенцијата на УНЕСКО.