Собир пред Руската амбасада во Скопје за поддршка на протераниот дипломат


Педесетина граѓани и членови на партијата Единствена Македонија попладнево организираа граѓански собир пред Амбасадата на Русија во Скопје во знак на поддршка на рускиот дипломат кој беше протеран од Македонија.

На собирот се обрати  претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, кој рече дека „Македонија не сака во НАТО“, туку дека сака да влезе во Евроазиската унија на Русија.

Рускиот амбасадор во Македонија, Олег Шчербак, ги пречека учесниците на протестот пред амбасадата и им се заблагодари на поддршката.

Амбасадата на Русија, на Твитер објави фотографија од собирот.