Собир на ДПА во Теарце под мотото „Еден чекор напред ЗА НАТО и ЕУ“


Гласот на референдумот ја определува иднината на земјата, порача претседателот на ДПА Мендух Тачи вечерва на собирот во општина Теарце под мотото „Еден чекор напред ЗА НАТО и ЕУ“.

Со нашата волја како Албанци на референдумот на 30 септември, истакна Тачи, ќе ја запечатиме ориентацијата на земјата за во НАТО и ЕУ.

– Нашата определба е прозападна про НАТО и ЕУ и на скептичните треба да им речеме отворено дека секоја наша борба надвор од ваквата определба нема смисла. ДПА во 2008 година ја напушти владата бидејќи тогаш владата не донесе одлука за влез во НАТО, а во 2018 година стана дел од владата за оваа определба, рече Тачи.

Од курцијално значање за нас, дополни претседателот на ДПА, е да бидеме дел од НАТО и ЕУ со тоа што ќе придонесеме за интеграција на земјата и на Албанците во системот на западните вредности.

Тачи исто така повика на „сериозна мобилизација“, потенцирајќи дека гласот е тоа што ја определува иднината на земјата.