Снуп Дог доби ѕвезда во Холивуд


САД– Раперот Снуп Дог (47) доби ѕвезда во Холивуд, еден ден пред 25-годишниот јубилеј на деби албумот “Doggystyle.”

-Почестен сум со ѕвездата, вели раперот, 16 пати номиниран за наградите Греми.

Келвин Броадус, како што му е вистинското име, стана познат во 1992 година со соло албумот на д-р Дре “The Chronic.”

Има продадено над 35 милиони албуми низ светот. Има глумено и во повеќе филмски хитови.