Снежно време во Македонија


Времето во Македонија ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во текот на ноќта и во понеделник претпладне, кога насекаде ќе се формира снежна покривка (на пониските места околу 10-15 см, а на планините ќе се зголеми и за над 30 см). Ќе дува умерен, долж Повардарието и засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до два, а дневната од минус еден до три степени.

Во Скопје облачно и студено со повремени врнежи од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во ноќните часови. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура до минус еден, а дневната до нулата.

Во вторник слаби врнежи од снег се уште ќе има само во западните делови од земјава. До четврток температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината.