Снежна бура направи хаос на Хаваите


Снежна бура која ги погоди Хаваите направи хаос, затоа што голем број домаќинства остави без струја, кршеше гранки, поплави патишта, но донесе и снег.
Снегот не е невообичаен во планинските делови на тој островски архипелаг, но надлежните наведуваат дека снежниот покривач е на висина од 1.900 метри, во државниот парк на Мауи, може да ја претставува најниската точка на која некогаш е забележан снег на Хаваите, пренесе АП.
Националната метеоролошка служба вели дека ударите на ветрот во некои подрачја достигнале брзина од 110 км на час и предупредува на поплава.
На неколку острови дојде до прекин на напојувањето со електрична енергија и оштетени се покриви.
Јавено е дека еден човек е повреден кога на неговото возило паднала бандера, а пријавени се и други помали повреди на други луѓе.