Снаата на Трамп до неплатените работници: Ова е поважно од вас


Лара Трамп, снаа на американскиот претседател Доналд Трамп има разбирање за 800.000 вработени во јавниот сектор кои не примаат плати поради блокадата на владата, но им укажува дека настанала ситуација поважна од кој било поединец.

-Тоа не е праведно кон вас и ние тоа го разбираме, но многу поважно е од кој било поединец, изјави Лара која е сопруга на Ерик Трамп, син на американскиот претседател.

– Тоа е мало страдање за иднината на нашата држава, а нивните деца, внуци и генерации кои доаѓаат ќе бидат благодарни за жртвите, нагласи Лара Трамп за работниците кои поради делумната блокада на владата што трае веќе еден месец не примаат плата.

– Ве поддржуваме и правиме сѐшто можеме. Цениме сѐ што жртвувате, нагласува таа.

Блокадата, најдолга во американската историја, настана поради судир на Доналд Трамп со демократите поради финансирање на ѕидот на границата со Мексико. Лара Трамп е 36-годишна поранешна продуцентка на информативниот магазин „Inside Edition“. Мажена е за Ерик од 2017 година.