„Смешинг Пампкинс“ по 18 години повторно на турнеја


Американската алтернативна рок група „Смешинг Пампкинс“ (The Smashing Pumpkins) најави повторно собирање и прва турнеја од 2000 година.

„Смешинг Пампкинс“ на турнеја ќе биде од 12 јули до 7 септември со 36 настапи во САД и Канада.

Бендот на Твитер најави дека на концертите ќе бидат изведувани хитовите од првите пет албуми.

Во поставата нема да биде првата басистка Д`арси Врецки, која е во лоши односи со фронтменот Били Корган.