Слободан Богоевски ги клеветел Ахмети и Џафери, но нема да им плати отштета


Тужителите, Али Ахмети и Муса Џафери, се задоволуваат само со потврда дека постои клевета и не бараат надомест на штета од 5,5 милиони денари, пишува Правосудство.мк

Поранешниот разузнавач Слободан Богоевски ги наклеветал лидерот на ДУИ, Али Ахмети и неговата „десна рака“, Муса Џафери, со изјавата што тој како сведок ја дал пред судот во Њујорк кога кажал дека и тие двајцата замале милионско мито во скандалот со водечките луѓе на „Маѓар телеком“.

Постапките кои што со приватни тужби ги иницираа Ахмети и Џафери финишираат со изрекување на неправосилни пресуди, изречени од судијата Нухи Рустеми, но правните застапници на Богоевски уште сега најавуваат жалби, бидејќи и покрај тоа што судот нашол елементи за исречена клевета, сепак од него нема да се бараат 2,5 и три милиони денари, колку што тужителите бараа со тужбите.