Хороскоп за вљубените: Слатки тајни во љубовните одаи


ОВЕН (21 МАРТ – АПРИЛ 19): СТРИПТИЗ

Вие сакате директни изливи на љубов. Тоа не значи дека не сте романтични и дека немате чувство за заведување, туку едноставно дека сакате да дојдете до главната случка што е можно побрзо. Низ ова се изразува вашата нетрпелива страна, но тоа е начинот на кој што ја покажувате својата страст: директно, брзо и храбро. За вас се добри стоичките позиции, кога навистина, но НАВИСТИНА не можете повеќе да чекате. Слатки страсти.

БИК (20 АПРИЛ – 20 МАЈ): ОГАН И МРАЗ

Вам тоа ви се допаѓа, бавно и сензуално, впрочем, вие не сакате да брзате во ништо, а особено не на ова поле. Прилично бавни, вие уживате во тактилни сензации и сакате да допирате и ве допираат и тоа да трае ако може цела вечност! Добро ќе биде да проучувате некоја тантричка вештина во своите љубовни одаи и да го зголемите сензуалното уживање. Предиграта е важен дел во љубовните игри, кој подучува дека не треба да се брза во ништо.

БЛИЗНАЦИ (21 МАЈ – 20 ЈУНИ): ДРУШТВО

Вие тоа го сакате јасно и гласно: Меркур е вашата доминантна планета и затоа сакате да комуницирате за сè, а најмногу на тема на личните односи, помеѓу двајца, тројца или различни полови на луѓе. Понекој пецкав збор, со страсна содржина или текст. Да не згрешиме, но имате капацитет да добиете онолку колку што и давате. Се сугерира да кажете што е она што ви се допаѓа, а што не и така ја продлабочите интимноста.

РАК (21 ЈУНИ – 22 ЈУЛИ): КРШЕЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ

Вам тоа ви се допаѓа само ако се постигне интима: поглед полн со љубов, страсни воздишки, држење за рацете и треперење. Ова е знак кој што инсистира на емоционална близина, затоа не е поинаку ниту во чаршавите. Штом се одлучите за ваков чекор, сакате да чувствувате дека вие и вашиот партнер сте единственото нешто на светот. Продлабочете ја романсата одбирајќи нежна музика, топол кревет и секси тоалета.

ЛАВ (23 ЈУЛИ – 22 АВГУСТ): СЕКСИ ИГРАЧКИ

Вие сте оние кои што сакаат да истражуваат, па така и на ова поле: го избирате храбро својот партнер(ка), како да барате храна во џунглата. Уживате во сетилни задоволства и сакате што е можно повеќе. Се чувствувате добро во својата кожа. Се препорачува заемно стимулирање и игра, како мастурбацијата. Ова е облик на интима каде што границите помеѓу партнерите се бришат и тие уживаат во заедничкото истражување. Барем вие не сте срамежливи.

ДЕВИЦА (АВГУСТ 23 ДО 22 СЕПТЕМВРИ): ДИСЦИПЛИНА

Вие сте по малку резервирани на оваа тема: тоа го сакате мисионерски т.е. во класична поза. Штом стекнете поголема доверба во саканите, станувате разиграни и во креветот и токму тогаш ќе сакате да експериментирате со партнерот. Се сугерира да си купите еден примерок од „Камасутра“ и да се инспирирате учејќи нови љубовни позиции. Вашата интелектуална природа ќе ужива многу, проучувајќи нови нешта.

ВАГА (СЕПТЕМВРИ 23 – ОКТОМВРИ 22): ПРОМИСКУИТЕТЕН СЕКС

Вам тоа ви се допаѓа избалансирано. Што значи тоа? Тоа кажува дека што и да сака вашиот партнер, тоа го сакате и вие. Ова можеби не звучи интересно, но затоа е инвентивно и го збогатува вашиот љубовен живот. Затоа старите астролози препорачуваат да имате некој важен сексуален симбол во својата непосредна околина, кој што ќе ве потсетува на еротската моќ што ја имате. Вие сте широкогради љубовници.

СКОРПИЈА (ОКТОМВРИ 23 ДО 21 НОЕМВРИ): ЕКСТРЕМНА ДОМИНАЦИЈА

Вашиот знак го сака тоа страсно: Можеби нема да сакате да признаете, но старовремскиот стил на водење љубов не ве возбудува воопшто. Со други зборови, вас ве пали непосредната желба, личен магнетизам и опасен т.е. моќен партнер. Најверојатно ќе истражувате на оваа тема нашироко проучувајќи ги порносајтовите, а потоа глумејќи ги најжешките сцени. Долната облека претставува добар стимуланс.

СТРЕЛЕЦ (22 НОЕВИ ДО 21 ДЕКЕМВРИ): КОНТРОЛА ОД ДАЛЕКУ

Вие тоа го сакате на авантуристички начин: што подалеку од дома и ако може покрај некој морски брег. Не сакате да се врзувате и секогаш сакате да пробате нешто ново, во и надвор од креветот. Како и во другите сектори во животот, така и во овој сакате зачини и егзотика, та затоа ви сугерираме да појдете на пат и таму да истражувате на отворено и со луѓе од далечни култури. Секако, водете сметка за здравјето и имајте соодветна заштита т.е. кондоми.

ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 19 ЈАНУАРИ): СЕКСУАЛНО ПОТЧИНУВАЊЕ

Вам тоа ви се допаѓа по малку грубо: во секојдневието минувате голем дел од времето во водечка позиција и затоа ова е област каде што најмногу би попуштиле да ве водат. Затоа сте и повеќе од среќни да ги препуштите уздите на друг. Се препорачува да си набавите лисици и друг вид на помагала, кои ќе го загреат вашиот кревет. Секако, добро е да ги проучите упатствата на сите овие предмети за задоволство.

ВОДОЛИЈА (20 ЈАНУАРИ -18 ФЕВРУАРИ): ДИВ СЕКС НА ПЛАЖА

Вие тоа го сакате на иновативен начин: најверојатно бевте меѓу првите од својата генерација кои што се запознаа со разните видови на играчки и помагала, а уживате и во видеа со секси содржина. Ако некој може да направи сексот да биде сосема ново искуство, тогаш тоа сте вие, пријатели. Токму затоа ви се сугерира повремено да се обидете со традиционален облик на водење љубов. Играта ќе трае подолго.

РИБИ (19 ФЕВРУАРИ – 20 МАРТ): ЦРТЕЖИ НА ТЕЛОТО

Вие сакате да сте модерни и тоа важи и за ова поле. Имате богата сексуална фантазија и потребен ви е некој со кој би можеле да се отворите комплетно и уживате во љубовта како да не припаѓате во овој свет. Пред вас се отвораат нови димензии на постоење и затоа е добро да ја надраснете улогата на жртва и воопшто улогите што ги глумите за да постигнете подлабоко и суптилно исполнување. Тежнеете кон романса, вечера со свеќи и масажа.