Славните кои ги победија зависностите: Се борат со себе, за да го задржат бракот


Популарните актери, пејачи, уметници ширум светот често подлегнуваат на лошите навики и се жртви на зависности. Многупати сме читале како свесно или несвесно си ја уништуваат кариерата, па дури и приватните.

Изминатаве години во светските таблоиди доста се пишуваше за оние кои се разделија, оние кои не успеаја да се извлечат од пороците, а некои завршија и фатално. Но, во следнава листа се опфатени брачни парови од светскиот шоубизнис кои макотрпно се бореа против себе и своите пороци само за да го зачуваат семејството, кариерата и да се вратат на површина.

Факт е дека постојаната изложеност пред јавноста е голем притисок, затоа често издувниот вентил го наоѓаат во одреден порок. Но, исто така постојаната динамичност во работата, предизвиците, обврските се голем стрес со кој се соочуваат. Од друга страна, секогаш кога се појавуваат во јавност треба да бидат, убави, свежи, да изгледаат одморено, а исто така и да бидат подготвени за говор.

Следниве парови, успеаја да ја поминат заедно и минатата година, иако наидуваа на тешки животни препреки.

Никол Кидман и Кит Урбан

Кантри пејачот се одлучи за лекување од својата зависност – алкохолот, уште во 2006 година, четири месеци пред официјално да се венча со актерката Никол Кидман. Но, и покрај неговите терапии, овој пар се соочуваше со бурен период низ годините. Резултатот е дека Кит успеа да се извлече, ја задржа својата поубава половина и покажа дека човекот може да се промени.

Шерон и Ози Озборн

Многу често јавноста можеше да чита за скандалите на ова семејство. Дури и во нивното реално поу што се прикажуваше на странските телевизии, а можевме и ние одреден период да го следиме, се гледаше дека се слободно и отворено семејство, но полно со пороци. За нив рокенролот е стил на живеење, но дека ги преминаа црвените линиии и самите признаа.
Неодамна на социјалните мрежи Ози објави дека повторно зема лекови и тоа го прави за доброто на неговото семејство.
– Без заслепен. А со несмасното однесување ги повредував своите најсакани, своето семејство.сега со задоволство можам да кажам дека повторно сум задоволен од себе си и сум трезен точно 44 дена, напиша Ози. Иако, по таблоидите се пишуваше дека на нивниот брак конечно ќе му дојде крајот, сепак тие истрајаа уште една среќна семејна година.

Сузан Дауни и Роберт Дауни Џуниор

Роберт во многу рана возраст западнал во „тешките води“ и негов најголем порок е дрогата. Тој се бореше речиси триесет години, а и целата 2001 година ја помина во центар за рехабилитација. За време на снимањето на филмот „Готика“, на „око“ ја фатил продуцентката Сузан Левин и три години подоцна се венчаа.
– Ме стегна како со ланец и тоа ми се допаѓа, изјави Роберт за американските медиуми потенцирајќи дека таа е заслужна за тоа што тој сега е „чист“.