Славниот фудбалер со синот во нова рекламна кампања за својот бренд: Како му стои џинс на Роналдо?


 

САД – Кристијано Роналдо во текот на снимањето на најновата кампања за својот моден бренд, го делел местото под рефлекторот. Познатиот фудбалер уживал во друштво на својот син, Кристијано Роналдо Џуниор, во текот на снимањето на кампањата „CR7 Denim“ за пролет/лето 2018 година. Оваа колекција содржи и друга колекција наречена „Mini Me“, која е инспирирана од синот на Роналдо.

Креативниот директор на „CR7 Denim“, Зак Вентер, вели:

“Оваа сезона нашиот главен фокус е претставување на сосема удобни, модерни и интересни парчиња џинс на пазарот дозволувајќи им на луѓето да се движат без рестрикции. Стилот, изгледот и чувството се фокусирани на перформансите, со растегливи материјали кои ја подобруваат подвижноста“. Испраниот ефект на џинс оваа сезона е избалансиран со чисти и минималистички детали и понекои деконструирани стилови, кои пред сè се наменети за мажите со стил. Едноставните, но префинети детали на брендот ‘CR7’ се шлаг на тортата на целата колекција нудејќи им на клиентите вистинска вредност за нивните пари“, додал Вентер.