Славниот модел Кристи Бринкли проговори во јавноста: Доналд Трамп сакаше да ме заведе


САД – Славниот модел со најмногу насловници во американските магазини Кристи Бринкли (61) тврди дека американскиот претседател Доналд Трамп пробувал да ја заведе додека сѐ уште бил во брак со Ивана Трамп. Бринкли го раскажа инцидентот на списанието „Портер“, велејќи дека Трамп го нашол нејзиниот телефонски број и ѝ се јавил додека таа престојувала во хотелот „Плаза“ во Њујорк.

„Ми заѕвони телефонот гласот на другата страна ми вели: „Еј Кристи, Доналд на телефон.“ Јас му одговорив „Здраво, Били“ бидејќи тогаш се забавував со Били Џоел, тврди Бринкли. Но тој повторил „Не не, на телефон е Доналд! Слушам дека утре заминуваш за Аспен. И јас исто така. Би сакал да те превезам на мојот приватен авион.“

Бринкли продолжува: Му одговорив „Благодарам, но веќе имам авионски превоз“. Знаев дека е женет, но ете тој сакаше да одам со неговиот авион. Тој флертуваше на таков начин. Тој така заведуваше девојки.

Претседателот Трамп и Ивана беа во брак 12 години пред да се разделат во 1990 година, по неговата јавна афера со актерката Марла Мејплс. Бринкли тврди таа знаела за неверствата на Трамп.

„Доста ми е од дискреција,“ потенцираше моделот. „Сум била на вечера со него. Отсекогаш сум го сметала за претенциозен, во стилот на „Внимавајте, доаѓаат богатите луѓе, сѐ е златно, сѐ е од 24-каратно злато, најдоброто, најубавото, никој нема повеќе злато во својата куќа од мене. Си понесовте ли четка? Дојдете да го провериме!“

Трамп се ожени со Мејплс во декември 1993 година, но се разделија три години подоцна. Тој потоа се ожени со Меланија во јануари 2005 година.

Трамп се најде во центарот на медиумското внимание поради неговата наводна афера со порно-ѕвездата Сторми Даниелс. Адвокатот на претседателот Трамп ги отфрла тврдењата на Даниелс. Сѐ уште нема реакција за приказната на Бринкли.