Скршени фарови и врати: Оштетени автомобилите на Петре Шилегов и неговата сопруга


Оштетени се два автомобили во сопственост на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и неговата сопруга Јасмина Шилегова, дознава Независен весник.

Според полициските информации, лицето Ј.Ш. од Скопје (49) синоќа во 23:10 часот од Скопје пријавила дека во периодот од 17:00 до 22:00 часот од страна на непознат сторител, биле оштетени нејзиното патничко моторно возило марка „Ауди К-5“, со скопски регистарски таблички и патничкото возило „Ауди А5“ исто така со скопски регистарски таблички, сопственост на нејзиниот сопруг П.Ш.

Притоа, констатирано е дека на возилото на Ј.Ш. извршено е оштетување на предното лево крило, предниот лев фар, предната и задната лева врата и задното крило, а кај второто возило оштетено е предното лево крило, предната лева врата, задниот лев штоп и задниот гепек.

Оштетувањето сторителот го извршил со употреба на физичка сила и остар предмет и незабележан го напуштил местото. Со оштетувањето причинета е материјална штета која дополнително ќе биде утврдена. Се работи на целосно расчистување на случајот.