Скопје ќе ја добие првата мапа на топлотни острови


Скопје ќе ја добие првата мапа на топлотни острови. Во рамките на стратегијата за климатски промени „Отпорно Скопје“, која Градот Скопје ја реализира со УНДП, ќе се изработи карта на која детално ќе бидат прикажани урбаните зони со различна температура на воздухот. Мапата, како што информираат од Центарот за иновации „Скопје Лаб“, ќе биде изработена со помош на снимки кои ќе ги направи авион опремен со термална камера.

Ефектот на топлотни острови е познат во големите градови, каде што температурите во летниот период се значително повисоки, поради тоа што сончевата енергија се задржува во бетонот и асфалтот. Дополнително, на оваа состојба и придонесуваат и индустријата, сообраќајот, намалувањето на зелените површини, како и интензивната работа на системите за кадење на објектите.