Скопјанец каснат од куче скитник
Скопјанецот Ф.Ѓ.(65) вчера околу 11 часот на на булеварот „Трета македонска бригада“ бил нападнат и каснат од куче скитник на десната нога.
Како што информира денеска МВР, по нападот, Ф.Ѓ. се упатил во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде бил примен и му била санирана повредата, по што бил пуштен на домашно лекување.
Ф.Ѓ. синоќа, околу 19:40 часот, го пријавил случајот во Полициската станица Аеродром.