Скопски „Водовод“ ќе учи од колегите од Љубљана


 

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ќе користи искуства од колегите од Љубљана како да управува со колекторскиот систем за собирање на отпадни води кој следниот месец треба да почне да се гради во Скопје. Ова, меѓудругото, било договорено на средбата во Љубљана помеѓу директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Душко Весковски и Криштоф Млакар, генерален менаџер на ЈП „Водовод и канализација“ од Љубљана. Претпријатијата договориле и размена на искуства за да се обезбеди унапредување на нивниот техничко-технолошкиот развој.

„Имајќи го во предвид фактот дека Љубљана е добитник на наградата ‘European Green Capital 2016’ од страна на Европската Комисија, а посебен придонес за добивање на оваа награда има токму ЈП ‘Водовод и канализација’ – Љубљана, сметаме дека од исклучително значење е пренесување на нивните искуства кои би ги искористиле во делот на изградбата на прочистителната станица во Трубарево, степенот на губитокот на вода во водоснабдителниот систем,  прочистување на урбаните отпадни води, употребата на отпадоците кои настануваат при пречистување на водите, нивната понатамошна преработка како и нивно понатамошно искористување“, информираат од скопски „Водовод“.