Скопскиот регион најбогат, а истокот најсиромашен


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година, најголемо учество во бруто- домашниот производ на Република Македонија има Скопскиот регион со 42,9%, додека најмало е учеството на Североисточниот регион со 5,2%.

Во скопскиот регион БДП по глава на жител изнесува 6.290 евра по жител. Најмало , само 5 отсто има североисточниот регион. Гледано по структура, полошкиот регион со 1.980 евра, има најниски приходи по глава на жител.

Слично е и со истичниот, југозападниот, североисточниот регион, каде БДП по жител се под просекот во државата, кој изнесува 4,390 евра. Статистиката наведува дека дневната миграција на работна сила придонесува во даден регион да се создаде бруто домашен производ ште не е резултат на резидентното неселение.

Затоа некаде податоците за БПД по жител се преценети, а некаде потценети. Експертите велат- тоа е така затоа што сите капацитети, се лоцирани во главниот град. Секој жител бара работа токму во Скопје.

Инаку Брутодомашниот производ во 2015 та година изнесувал 9 милијарди 88 милоиони евра.