Скандинавската драма за Шведска


Во највозбудливиот натпревар од Европското ракометно првенство во Хрватска, Шведска ја совлада Данска по продолженија со 35-34 и се пласираше во неделното финале против Шпанија.

Петочниот ден донесе сосема неочекуван расплет, имајќи предвид дека Данска и Франција беа апсолутни фаворити, но и Швеѓаните и Шпанците заслужено ќе играат за златниот медал.

Вечерва, Шведска ја држеше во раце Данска, на полувреме водеше со два разлика, на две минути пред крајот и со три, но упорните Данци успеаја да се одбранат на седум секунди до крајот, а потоа со контра во последната секунда да израмнат. Кога се чинеше дека психолошкиот притисок е на нивна страна, „ладните“ Швеѓани излегоа на паркетот како ништо да не се случило и победија.

Претходно, Шпанија ја надигра Франција со 27-23. Натпреварите за медали се играат во недела навечер во загрепска „Арена“.