Скандал: Мечот ПСЖ-Црвена Звезда бил наместен?
УЕФА ги предупреди француските власти на можна „местенка“ на минатонеделниот натпревар на Лигата на Шампионите меѓу ПСЖ и Црвена Звезда што заврши со победа на францускиот шампион со 6-1.
Угледниот париски весник „Лекип“ тврди дека до француското државно обвинителство стигнала информација да го истражислучајот, за кој знаеле само првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин и нему најблиските луѓе. Наводно, неименуван функционер на Црвена Звезда сакал да вложи пет милиони евра дека натпреварот ќе заврши со пет разлика за домаќинот. Француските власти покренаа истрага.