Скандал: Македонскиот амбасадор Наумовски ја бојкотирал Шекеринска при нејзината посета на САД


Амбасадорот Васко Наумовски не се појавил на ниту една средба на министерката за одбрана Радмила Шекеринска при нејзината посета на САД, потврди таа во гостување на емисија Τоп Тема на ваша страна на ТВ Телма.

„Јас во Вашингтон во еден момент помислив дека немаме амбасадор бидејќи не го видов ниту службено, ниту на почетокот, ниту на крајот на посетата. Сметам дека тоа е скандалозно однесување затоа што на нашиот амбасадор не му пречи секој први во месецот да добива плата од оваа влада. Меѓутоа вие да отспиете посета на Пентагон која не се случила во шест години, тоа прво зборува за дипломатскиот калибар, но зборува и за неодговорноста кон вршење на функцијата“, рече Шекиринска и најави дека за однесувањето на Наумовски ќе го информира и министерот за надворешни работи Никола Димитров штом се врати од Солун.