Сите американски дипломати ја напуштија Венецуела


Американскиот државен секретар Мајк Помпео соопшти дека сите преостанати членови на дипломатскиот персонал во Амбасадата на САД во Каракас денеска ја напуштиле Венецуела.

– Американските дипломати сега ќе ја продолжат својата мисија од други локации, од каде ќе продолжат да помагаат во менаџирањето со дистрибуцијата на хуманитарната помош за венецуелскиот народ и со поддршката на учесниците на демократските протести, кои храбро се спротивставуваат на тиранијата, изјави Помпео.

Стејт департментот на САД во понеделникот најави дека во текот на неделава ќе го повлече преостанатите дипломати од Венецуела, со образложение дека „нивното присуство претставува ограничување за американската политика“ во земјата.