Систер Блис од „Фејтлес“ на „Скопје колинг“ во јуни


Систер Блис, членка на прославената британска електронска група „Фејтлес“, ќе настапи со диџеј сет на годинашното издание на фестивалот „Скопје колинг“, што ќе се одржи на стадионот на АРМ во Скопје на 3 јуни. Ѕвездата Ален Вокер ќе настапи претходниот ден.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од овој четврток во 09 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн, по цена од 600 денари партер.

Ве информираме дека истиот ден ќе бидат пуштени и блок влезници за Ален Вокер и Систер Блис по цена од 1.300 денари.