Синоќа во Скопје при судир се запалиле две возила, пет лица повредени


Синоќа на улицата „Васил Чакаларов“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу три патнички возила, од кои две се запалиле.

Пожарот бил локализиран од страна на екипа на Бригадата за противпожарна заштита.

Полицијата соопшти дека со телесни повреди се здобиле тројцата возачи и еден сопатник, а сопатничката од едното возило завршила со тешки телесни повреди.

Лицата биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.