Симптоми на тумор кои мажите ги игнорираат


Мажите потешко од жените се одлучуваат да посетат лекар. За волја на вистината, некои мажи никогаш нема самоиницијативно да одат кај лекар  ако сопругите не ги натераат. Кога станува збор за тумор, од клучна важност е тој рано да се открие. Затоа рутинските, превентивни прегледи се од голема важност. Туморот откриен во рана фаза е многу полесно да се излечи.

Ова се 13 симптоми кои ги кажуваат лекарите, а кои мажите не смеат да ги игнорираат:

1.Упорна кашлица: Кашлањето е вообичаено кај настинка, грип и алергија. Кашлицата може да биде и спореден ефект од некој лек. Но, упорна кашлица, која трае 3-4 недели или има промена во начинот на кашлање, не би требало да се игнорираат. Тоа може да биде симптом на хроничен бронхит, но и на тумор. Во вакви случаи, лекарот треба внимателно да го испита грлото, градите, и ако пациентот е пушач, да одреди и рендген.

2. Промени во лимфните чворови: Во случај да напипате отечено или задебелено место под паувата, на вратот, или каде било на друго место, тоа може да биде причина за загриженост. Доколку имате лимфен чвор кој се зголемува во текот на еден месец, задолжително одете кај доктор. Тој би требало да испита дали постои инфекција која е причина за зголемување на лимфните јазли. Доколку не е, лекарот најверојатно ќе побара биопсија.

3. Промени во тестисите: Туморот во тестиси е најчест во периодот од 20-тата година до 40-тата година. Докторите препорачуваат секој маж сам да се провери барем по еднаш во месецот. Секоја промена во големината на тестисите, без разлика дали е зголемување или намалување, може да биде причина за загриженост. Исто така, не смее да се игнорира секој оток, задебелување или чувство на тежина. Некои тумори во тестисите настануваат многу брзо и раното откривање е од исклучителна важност. Треба да посетите лекар, без одложување. Тој ќе направи лабараториска нализа на крв, преглед со ултразвук и биопсија.Во случај на компликации, последица може да биде отстранување на целиот тестис.

4. Мачна болка во стомакот и депресија: Ако чувствувате болка во стомакот и притоа сте депресивни, треба лекар да ве прегледа. Востановено е дека постои врска меѓу депресијата и туморот на панкреас. Во симптоми на тумор на панкреас спаѓаат и жолтица и промена на бојата на столицата и на урината. Може да се јави и чешање на цело тело. Од лекарот се очекува да пациент со ови симптоми на лабараториски тестови, на ултразвук и на рендген.

5. Тешко голтање: Некои мажи имаат проблеми со голтањето, но на тоа не му придаваат значење. Со време, повеќе се префрлаат на течна храна. Проблем со голтањето може да е знак на тумор на хранопроводот.

6. Промени во устата: Ако сте пушач, морате да обратите внимание особено на појавата на бели флеки или бели точки на јазикот. Промените можат да асоцираат на леукоплакија, предтуморна област со иритација. Оваа состојба може да предизвика орален тумор.

7. Лошо варење на храната: Како што стареат, многу мажи често помислуваат на срцев удар (инфаркт) кога имаат лошо варење. Но, доколку тоа е често присутно, може да укажува на тумор на јајници, на грло или на стомак. Постојаното или влошувачко лошо варење, пријавете го кај вашиот лекар.

8. Масно ткиво во градите: Повеќето мажи не ни знаат дека можат да добијат тумор на градите. иако тоа е малку невообичаено, сепак е можно. Секое масно ткиво треба да го прегледа доктор. Загрижувачките знаци за тумор на градите, на кои мажите треба да обратат внимание исто како и жените, се: дупчиња и набори на кожата, вовлекување на брадавиците, црвенило на брадавиците или на кожата на градите. Ако има сомнеж, лекарот прави преглед, биопсија, мамографија или други тестови.

9. Промени на кожата: треба да се внимава не само на бенките, кои се добро позната причина за тумор на кожата, туку и на нивната боја и на пегментацијата. Ненадејно крварење или лупење на кожата се причини за посета на лекар, особено ако траеле неколку недели. Докторот ќе побара биопсија за да испита дали во прашаење е тумор.

10. Уринарни проблеми: Тие се се почести кај мажите. Главни проблеми се: потреба да се мокри почесто, особено ноќе, чувство дека бешиката не е целосно испразнета, неможност да почне мокрењето, слаб млаз на урина, мокрење при смеење или кашлање, чувство дека итно мора да се оди во тоалет.

Секој маж во повозрасни години ќе ги искуси овие проблеми. Кога ќе ги забелеѓите препорачливо е да побарате медицинска помош, особено ако симптомите се влошуваат.

11. Крварење на места каде не би требало: доколку искашлувате крв, имате крвава столица или урина, време е да посетите лекар. Грешка е да се претпостави дека столицата е крвава поради хемороиди – може да станува збор и за тумор на дебело црево.

12. Треска: доколку добиете необјаснива треска, тоа може да укаже на постоење на тумор. Но, треската може да биде знак и на воспаление на белите дробови или некоја друга болест која бара лекување. Повеќето тумори предизвикуваат треска кога ќе се прошират надвор од местото на кое настанале.

13. Умор: Уморот е прилично неодреден и нејасен сиптом на тумор кај мажите, исто како и болката. Уморот, како и треската, обично се јавуваат во фаза кога туморот е веќе во напредна фаза и се проширил и на други органи. Во рана фаза се јавува кај леукемија, тумор на дебело црево и стомачен тумор. Ако често се чувствувате умори и не можете убаво да се одморите, обратете се кај лекар.