Силен тајфун ја погоди Јапонија, има повредени


Неколку лица се повредени откако силниот тајфун Трами го погоди југозападниот јапонски остров Окинава.

Се очекува тајфунот викендов да предизвика уште штети, додека поминува низ архипелагот.

Според прогнозите, Трами ќе трге кон островот Кјошу, а утре претпладне ќе стигне и до главниот остров Хоншу каде ќе донесе поројни дождови во многу региони, кои ќе траат до следниот ден.

Ветровите во тајфунот достигнуваат до 216 километри на час.