Силен земјотрес од шест степени го погоди Иран


Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала денеска го погоди западниот дел на Иран.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на Егзела, но тој се почувствувал и во Карманшаху.

Засега нема податоци за предизвикани материјални штети или жртви.

Минатиот месец истиот регион го погоди земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала, при што загинаа најмалку 530 лица.