Се шират лажни вести за Оливер Драгојевиќ


Хрватската-поп ѕвезда Оливер Драгојевиќ се наоѓа во тежок период од неговиот живот. Тој се соочува со тешка болест, а поради тоа ги откажа сите негови концертни настани.

Во текот на вчерашниот ден се појавија низа на лажни вести дека тој е починат, па неговиот тим ги демантираше информациите.

„Оливер е добро и лекувањето продолжува. Ве молиме не верувајте на дезинформациите кои во моментов кружат“, напишаа од неговиот ПР тим.

Веста дека Оливер е починат прво беше објавена на хрватските портали од каде што беше преземена и на останатите. Потоа, веста беше избришана, а тимот на Драгојвиќ веќе ги демантираше лажните информации.