Се урна пешачки мост во Прага


Во северниот дел на чешкиот главен град Прага денеска се урна пешачки мост над реката Влтава, долг 253 метри, објавија чешките медиуми. Повредени се четири лица, кои се пренесени в болница. Во моментот се трага по луѓе кои можеби паднале во водата. Спасувачки екипи се испратени на местото на инцидентот, а во операцијата е вклучен и хеликоптер. Бродскиот сообраќај низ реката е во прекин. Градската управа е свикана на вонредна седница. Мостот, кој е изграден во 1984 година, ги спојуваше Императорскиот остров на Влтава со реонот Прага-Троја, каде се наоѓаат зоолошката и ботаничката градина.