Се уриваат дивоградбите на Јужен булевар


Општината Центар утрово започна со уривање на објекти во Урбан парк, на Јужниот булевар во Скопје. Објектите, кои се на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, беа незаконски населени од граѓани, што ги користеа и за складирање на пластика и картони, но и секаков друг отпад, што ги собирале низ градот.

Во Општината велат дека на местото на дивоградбите повторно ќе биде направен парк со нова урбана опрема.

Жителите на дивоградбите добија можност од Министерството за труд и социјална политика да се преселат во еден од прифатните центри за бездомници.