Се укинуваат Новогодишниот концерт на МОБ и Божиќниот на Филхармонијата


Се укинуваат Новогодишниот концерт во Македонскатата опера и балет (МОБ) и Божиќниот концерт на Македонската филхармонија, поради неекономичност.

На 12 и на 13 јануари, МОБ традиционално ќе го организира гала концертот во чест на празникот Василица.  Филхармонијата ќе го одржи празничниот концерт на 28 декември, под диригентство на Јерухам Шаровски, кој во 1990 година ја добил наградата наградата од Зубин Мехта ” млад артист на годината” по што и диригирал со Израелската филхармонија.