Се судриле авион и хеликоптер во Велика Британија


Авион и хеликоптер се судриле во воздух над Бакингемшир, Велика Британија. Полицијата соопшти дека приоритет е ставен на “спасувањето животи” а потоа на истрагата како дошло до несреќата.

Полицијата, службата за брза помош и противпожарните екипи од околните места се  на местото на настанот.Портпаролот на Службата за пожари и спасување  соопшти дека испратиле седум возила, вклучително и противпожарни возила, како и возила за пребарување и спасување во урбаните средини. Засега не се знае дали има жртви и какви се последиците. Настанот се случил во шумска област  на периферијата на Лондон.