Се скараа Кери и Саманта од „Сексот и градот“: Ти не си моја пријателка


САД- Канадската актерка Ким Катрал (61) на 5 февруари дозна дека нејзиниот брат, за кого само 18 часа порано објавила дека исчезнал, всушност, ненадејно починал.

Пораките со поддршка пристигнале од сите страни, помеѓу останатото и од нејзината поранешна многу блиска соработничка и пријателка Сара Џесика Паркер. Кога Сара се обидела да и пружи поддршка, добила ужасен одговор од Ким.

„Мила Ким, ти праќам љубов и сочувство до твоето семејство и мир на твојот брат“, напишала Сара Џесика Паркер.

Оваа порака буквално ја разбеснала Ким и паднале многу тешки зборови.

Ким и Сара, кои и денес ги обожаваме во серијата „Сексот и градот“ во улогите на Кери и Саманта се во многу лоши односи. А, колку на Ким и дошла „преку глава“ Сара зборува и фактот дека јавно и одговорила на пораката со поддршка која и ја упатила.

Имено, многумина помислија дека нешто не е во ред во односот на двете колешки кога Ким одби да го сними третиот дел од популарниот филм, а потоа рече и дека тие двете никогаш не биле пријателки. Иако Сара тогаш изјави дека Ким со оваа реченица и го скршила срцето, следувал нов шок.

„Не ми треба твојата љубов, ниту поддршка, во овој трагичен момент!“, е поракта која Ким ја објавила, а покрај неа напишала:

„Мајка ми денес праша: „Кога таа Сара Џесика Паркер, тој лицемер, ќе те остави на мир? Твоето континуирано зборување за нас е многу болен потсетник колку навистина сурова беше тогаш, а и сега. Да ти го разјаснам ова многу јасно (ако досега веќе не сум): „Ти не си мое семејство. Ти не си моја пријателка“. Затоа, ти пишувам последен пат да престанеш да ја експлоатираш нашата трагедија за да се претставиш како добра девојка!“, напишала Ким.

Додека пак, на пораката на Синтија Никсон, која ја играше Миранда Хобс во Сексот и градот, Ким одговорила љубезно:

Меѓутоа, многубројни обожаватели и тоа на Ким Катрал изреагираа бурно критикувајќи ја актерката дека нејзиното обраќање до Сара било многу „грдо и сурово“, како и дека зад сето ова се крие само нејзината завист кон колешката од серијата „Сексот и градот“.

Сара Џесика Паркер се уште на се огласила по прашање на овие прозивки од страна на Ким.