Се сврши топ моделот Карли Клос


САД– Топ-моделот Карли Клос (25) се сврши со Џошуа Кушнер (33) по шест години врска. Кушнер е помалиот брат на Џаред Кушнер, сопругот на Иванка Трамп, постар советник на Доналд Трамп во Белата куќа, и е менаџер и партнер во компанија за инвестиции. Таткото на Џаред и Џошуа е магнат во бизнисот на недвижности.

Според „Пипл“ Кушнер ја побарал за жена за време на одморот надвор од Њујорк.

Клос е една од најангажираните манекенки на денешницата, препознатлива од ревиите на „Викториас сикрет“  и како заштитно лице на последната кампања на „Сваровски“.