Се преземаат мерки за побрзо ангажирање на вработените во „Фени“


Стечајниот управник на „Фени Индустри“ денеска преку соопштение истакнува дека се преземаат сите мерки и активности за побрзо работно ангажирање на вработените и заштита на капиталот и правата на работниците во фабриката.

– Во однос на доверителите, согласно Законот за стечај, од денот на објавување на огласот во Службен Весник на Р. Македонија од 30.11.2017 година, тече рокот за пријавување на побарувања. Во законска рамка ќе биде изготвена конечната листа на доверители која ќе биде поднесена до Основниот Суд Велес и ќе биде објавена на е-стечај, за што јавноста ќе биде известена, се наведува во соопштението од стечајниот управник на „Фени Индустри