Се одложува промоцијата на календарот со пожарникари


Промоцијата на каледнарот кадешто модели се македонските пожарникари се одложува поради автобуската несреќа во која загинаа 14 лица, а седум се во критична здравствена состојба.

Настанот требаше да се одржи вечерва во ресторанот „Колектив“ со почеток во 20 часот.

Дополнително, ќе следува информација за новиот датум на промоцијата.

Владата прогласи дводневна жалост за денеска и утре.