Се ожени поп-пејачот Јоце Панов


Поп-пејачот Јоце Панов (36) по 10 годишна врска се ожени со Марина Нацевска. Свадбената веселба беше во ресторанот „Ла Тана“ во Скопје. Цела естрада му дојде на свадбатѕ, сите запеале ама сепак, главен за забавата на гостите бил фолк пејачот Благоја Грујовски. За младенците имало и огномет, како колуминација на свадбената журка.

Невестата била облечена во фустан со деколте, изработен од чипка, а Јоце, пак, се решил за модерен и елегантен костум.